ЦУК: Гореа две диви депонии, апел за внимателност заради најавените метеоролошки промени

Пожар на дивата депонија во Боговиње/Фото: ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 701 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 57,26%, а 42,74% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 65,62%, кон Итната медицинска помош 32,81%, а кон пожарникарите 1,18% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 728 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање 0,39% од „реалните“ повици и 50,32% на тие што се именувани како „неитни повици“.

Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Имало два пожари на отворен простор во последното деноноќие, при што гореле диви депонии. Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарникарите од ТППЕ Тетово, вчера, во период од 18.00 до 19.30 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена дива депонија во атар на с.Церово, Општина Желино. Од 19.50 часот започнал пожар на дива депонија над расторанот „Дарданија“ кај на с.Боговиње, во Општина Боговиње. Во гаснењето на пожарот интервенирале три пожарникари со едно ПП возило и еден ренџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарот бил локализиран.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот