ЦУК: 1.858 повици на 112, најмногу кон полицијата

цук 112
Се воведува бројот за итни повици 112 / Фото: Слободен Печат - Драган Митрески

Во последното деноноќие не се регистрирани пожари на отворено, а имало вкупно 1.858 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во претпоследното деноноќие пожарникарите интервенирале на пожари на оџаци. Пожарникарите од ТППЕ Битола имале една помала интервенција на запален оџак во градот Битола, а пожарникарите од ТППЕ Прилеп имале две интервенции за запалени оџаци во градот Прилеп. Согласно препораките на пожарникарите, оџаците е потребно редовно да се чистат.

ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Од вкупно 1 858 повици, „реални“ биле 41,39 отсто, а 58,61 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 73,07, кон Итната медицинска помош 20,94, а кон пожарникарите 3,42 отсто од „реалните“ повици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот