Црна Гора е подготвена да биде домаќин на следната рунда дијалог меѓу Косово и Србија

Дритан Абазовиќ/ Фото EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Црна Гора е подготвена да биде домаќин на следната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, изјави денеска премиерот во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ, по средбата со косовскиот премиер Албин Курти.

– Само што имав важен разговор со премиерот Албин Курти на маргините на Преспа форумот за дијалог. Црна Гора, како пријателска земја на Србија и Косово, но и на сите други во регионот, е подготвена со вклучување на европски и американски претставници, да биде домаќин на следната рунда од дијалогот Белград-Приштина, напиша Абазовиќ на Твитер.

По средбата со Курти на маргините на Форумот во Струга, Абазовиќ изјави дека „промовирањето на мирот, стабилноста и регионалната соработка се една од главните надворешнополитички цели на Црна Гора“.

– Наш заеднички интерес е во отворен разговор да најдеме решение прифатливо за сите страни, посочи Абазовиќ.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, ги покани лидерите на Србија и Косово на разговори во Брисел следната недела, поради влошената ситуација на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот