ЦИЕС: Македонија е на 42. место во светот според бројот на фудбалери во странски лиги

EPA-EFE/Georgi Licovski

Од земјите од нашето опкружување, највисоко рангирана е Хрватска, која е на осмото место, а веднаш под неа е Србија. Прв извозник на фудбалери во светот е Бразил

Македонија е на 42. место на ранг-листата на земји извознички на фудбалери во странски лиги, изработена од Фудбалската опсерваторија ЦИЕС од Швајцарија, која се занимава со статистички проучувања на овој спорт во светот. ЦИЕС неодамна изработи ранг-листа на земји извознички на фудбалери на која има 80 земји, кои извезуваат најмногу фудбалери. Во статистиката се земени податоци од 135 лиги низ целиот свет.

Од Македонија во други земји моментно играат 92 фудбалери (42. место), според податоците од оваа институција. Споредено со состојбата од 1917 година нашата земја има 53 отсто зголемување на бројот на „странци“.

Како споредба, најплоден извозник на фудбалери од земјите од некогашната СФРЈ е Хрватска, која е на осмото место на листата со 400 фудбалери во странство (25 отсто повеќе во однос на 2017). Веднаш под неа е Србија со 379 фудбалери (15 отсто помалку од 2017).

БиХ е на 21. место со 180 фудбалери во странство (16 отсто повеќе). Словенија е на 36. место со 113 фудбалери во странство (28 отсто повеќе). Црна Гора е на 41. место со 93 фудбалери во странски лиги (1 отсто повеќе). Косово е на 76. место со 46 фудбалери во странство (70 отсто повеќе).

Апсолутен шампион по бројот на фудбалери кои играат во странство е Бразил кој според ЦИЕС има 1.219 фудбалери кои играат во споменатите 135 лиги кои оваа опсерваторија ги користи во својата статистика. Франција е втора на листата на извозници (978 фудбалери во странство). Аргентина е трет светски извозник со 815 фудбалери во странство.

Понатаму следуваат Англија (525), Германија (441), Колумбија (425), Шпанија (409)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот