Чулев: Ќе побарам помош од војската за запирање на влезот на мигранти

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев покрај полициското засилување, ќе побара помош и од војската за запирање на влезот на мигранти во нашата земја преку планината Беласица.

-Јас имам намера да разговарам со министерството за одбрана, односно со Армијата, со цел зголемување на бројот на армиски припадници во овој дел од граничното подрачје, рече министерот Чулев, одговарајќи на новинарско прашање што ќе се преземе по секојдневните илегални преминувања на јужната граница од страна на мигрантите.

На прашање од МИА дали некој ќе понесе одговорност што за неполн месец во Струмица се случија три тешки сообраќајни несреќи, во кои загина еден недолжен граѓанин и голем број мигранти се повредени, Чулев рече:

Прочитајте и...  Бишевац: Заев без ДУИ нема мнозинство, Јовановиќ: Невозможно е СДСМ да оди во коалиција со ВМРО и Левица

-Делот на полициската контрола на границата е во ингеренции на Регионалниот центар Исток, но и на Регионалниот центар Југ. Така е поставена границата на ова подрачје. Доколку таму не се запрат, тогаш тие доаѓаат на територија на СВР-Струмица. Значи, ние ги преземаме сите мерки и активности за нивно спречување и на дневна база токму на планината Беласица постојано се враќаат големи групи на мигранти на грчка територија. Меѓутоа, кога ќе се вратат на грчка територија, пак, речиси, истите мигранти повторно влегуваат по други илегални патишта и потоа дел од нив, оние коишто успеваат се пречекуваат на подножјето на планината Беласица од лидери на криминални структури, кои подоцна со патнички моторни возила ги пренесуваат на северната граница. Имавме две-три сообраќајни несреќи во коишто имаше пренесувано мигранти. Значи, се работи за сообраќајни несреќи кои се расветлени, но дел од транспортерите не се фатени. Секторите за внатрешни работи Струмица и Штип преземаат оперативно активности во оваа насока за идентификување и пронаоѓање и мислам дека веќе има напредни оперативни сознанија за нивно идентификување и нормално е дека ќе биде покрената кривична одговорност за нив, одговори на прашањето министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев при денешната посета на СВР-Струмица.

Прочитајте и...  Костовски: Двојна игра на НБ, ако беа решени да не затворат, тоа требаше да го направат уште пред една година

 

Прочитај повеќе

Најден жив исчезнатиот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче од Тетово

МИА Агенција

141 заболени од Ковид-19, 175 оздравени, а двајца починаа од коронавирус

Слободен печат

Косовското собрание не го изгласа законот за вредностите на ОВК

Слободен печат

Зголемени овластувањата на британската полиција со цел да се спречи шпионажа и странско мешање

Слободен печат

Заев: Никој не е должен да биде уценуван и присилуван

МИА Агенција

Редфилд: Американците да се подготват за тешка есен каква што не сме виделе

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев: Ќе успеам да формирам Влада

МИА Агенција

Пропадна Еуростандард, клиентите останаа без плати и пензии

Весна Дамчевска

Ахмети: Во пресрет сме на донесување големи одлуки

МИА Агенција

Научниците со спротиставени мислења: Дали коронавирусот може да се пренесе преку воздух?

Слободен печат

Заев го доби мандатот за составување на нова влада од претседателот Пендаровски

Слободен печат

Филипче: Комисијата предложи учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите онлајн настава

МИА Агенција