Чудесен пресврт на Интер во градското дерби против Милан! (ВИДЕО)

фото: твитер

„Росонерите“ прокоцкаа позитива од 0:2 на „Џузепе Меаца“, во борбата за шампионската титула во Италија сериозно се вмеша Лацио.

Вечерва во последниот натпревар од 23. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство, екипата на Интер во градското дерби славеше против Милан со конечен резултат 4:2.

После првото полувреме на стадионот „Џузепе Меаца“ водеа „росонерите“ со 0:2 со головите на Ребиќ и Ибрахимовиќ, но ваквата позитива не ја задржаа во вториот дел.

„Неро-аѕурите“ прво намалија во 51. минута благодарение на хрватскиот интернационалец Брозовиќ кој упати еден прецизен удар од околу 15 метри во мрежата на Донарума.

Само три минути подоцна дојде и израмнувањето, Санчез му асистираше на Весино, потоа за 3:2 се погрижи де Врај кој после еден изведен корнер на Кандрева со глава ја затресе мрежата. Конечниот епилог го постави Лукаку во судиското надополнување (90+3`) после додавањето на Мозес.

Интер повторно е на првото место во генералниот пласман со 54 бодови, колку што има и второпласираниот Јувентус, а сега во шампионската трка се наоѓа и Лацио кој е третопласиран со 53 бодови.

Римските „небесно-сини“ освоија три важни бода на гостувањето кај Парма (0:1), а ги донесе Каиседо во 41. минута од средбата на стадионот „Енио Тардини“.

Во претходние мечеви од неделната програма, македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше најзаслужниот за трите бода на Џенова дома против Каљари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот