Четворица повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Четири лица се згрижени во гостиварската болница со повреди што ги здoбиле во сообраќајна несреќа во која се судриле два автомобили на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Според СВР Тетово, денеска околу 12 часот е пријавена сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации.

Во несреќата учествувале две патнички возила „фиат браво” со скопски и „ шевролет спарк” со охридски регистарски ознаки.

Повредени се четири лица, три од „шевролетот” и едно од „спаркот”, кои веднаш се пренесени во гостиварската oпшта болница „Ферид Мурад” за укажување лекарска помош.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот