Четворица битолчани казнети бидејќи се шетале за време на полициски час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе три предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 4 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите четири лица се обвинети за непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, бидејќи за време на полицискиот час се движеле без дозвола на различни локации.

Со казнените налози за нив се предложени парични казни од по 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот