Четиригодишно девојче сакало да ја фати елката и паднало од петти кат

Брза помош / Фото: Профимедиа

Четиригодишно девојче паднало од  петти кат во зграда во Букурешт во обид  да стаса до новогодишната елка која била во близина на прозорецот. Девојчето е пренесено во болница во тешка состојба, пренесува романскиот портал Адеварул.

Според првичните сознанија, девојчето кое живеело со мајка си, додека си играла со елката која била поставена многу блиску до прозорецот од собата, го отворила прозорецот, изгубила рамнотежа и паднала.

Откако било стабилизирано, девојчето било пренесено во болницата „Григоре Александреску“ и моментално е на интензивна нега. Според лекарите, нејзината состојба сè уште е многу сериозна, со фрактура на черепот, торако-абдоминална политраума и фрактура на бутната коска.

Соседите велат дека мајката на девојчето спиела во моментот на несреќата и не ни забележала кога нејзината ќерка паднала.

Девојчето било пронајдено на тротоар, а соседите веднаш повикале брза помош. Останатите веднаш отишле во станот и ја разбудиле мајката.

Полицијата започна истрага за трагичниот настан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот