Четири жени изминатото деноноќие пријавиле семејно насилство во полиција

Семејно насилство / Насилство врз жени илустрација / Фото: Lev Dolgachov / Alamy / Alamy / Profimedia

Четири жени изминатото деноноќие во четири изолирани случаи пријавиле семејно насилство во полиција. Во полициската станица Гостивар, 36-годишна жена од Гостивар вчера во 16 часот и 30 минути пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.И. од Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во полициската станица Аеродром, 26-годишна жена од Скопје вчера во 18 часот и 30 минути пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.П. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од полициската станица Штип вчера во 15 часот и 30 минути го лишиле од слобода Н.М.(46) од Штип затоа што во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал својата невенчана 39-годишна сопруга, при што употребил тврд и остар предмет. По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Во Полициската станица Радовиш, 20-годишна жена од Скопје вчера околу 14 часот пријавила дека во домот била физички нападната од својот вонбрачен сопруг Т.Н. од Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот