Четботови објавуваат лажни информации за евроизборите

Социјални мрежи ботови / Фото Skorzewiak / Alamy / Alamy / Profimedia

Четботови произведени од Гугл, Мајкрософт и ОпенАИ споделиле неколку лажни информации за европските избори, два месеци пред стотици милиони да го дадат својот глас, според анализата објавена од Политико.

Додека алатките за вештачка интелигенција останаа политички неутрални, тие тежнееја да враќаат неточни датуми за изборите и информации за тоа како да се гласа, објави Демокраси Репортинг Интернешонал, невладина организација со седиште во Берлин, која го спроведе истражувањето во март. Исто така, четботовите често обезбедувале лажни или неповрзани линкови до видеа на Јутуб или содржина на јапонски, додаваат истражувачите.

„Не бевме изненадени кога најдовме погрешни информации за деталите за европските избори, бидејќи четботовите се познати по тоа што измислуваат факти кога даваат одговори, феномен познат како халуцинација“, рече Мајкл Мајер-Ресенде, ко-основач и извршен директор на Демокраси Репортинг Интернешонал.

Истражувачите забележаа дека четботовите со вештачка интелигенција се динамични, што го прави експериментот тежок за повторување. Во серијата од десетина тестови со слични прашања, спроведени од Политико, четботовите или одбија целосно да одговорат или пак имаа ажурирани одговори со линкови кои ги упатуваат корисниците до веб-страниците на институциите на ЕУ.

Мејер-Ресенде рече дека експериментот, сепак, бил доволно голем за да биде репрезентативен. Исто така, обезбеди нови докази за ризиците од таканаречените халуцинации со вештачка интелигенција – кои често се појавуваат поради недоволните податоци за обука, предрасуди и лажни претпоставки – пред европските избори, кои ќе се одржат од 6-9 јуни.

Брзата појава на лесни за употреба алатки за вештачка интелигенција кои генерираат текст, аудио и видео содржини предизвика загриженост за порастот на дезинформациите за една година во време на клучните избори во ЕУ, САД, Британија и Индија. Европската комисија во март им нареди на неколку технолошки фирми како Бинг и Гугл да објаснат – пред 5 април – како ги ограничуваат потенцијалните ризици за изборите поврзани со нивните генеративни алатки за вештачка интелигенција според Законот за дигитални услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот