Чешка планира да воведе „паметен карантин”

epa08352813 A man paints on the bank of Vltava river in Prague, Czech Republic, 09 April 2020. The Czech government has imposed a lockdown in an attempt to slow down the spread of the pandemic COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешка има регистрирано 5.335 случаи на зараза со коронавирусот и 104 смртни случаи.

Чешка планира да воведе „паметен карантин”, систем за брзо следење и изолација на лица кои биле во контакт со заразени, за постепено да ги олеснат рестриктивните мерки што се во сила во моментов.

Во последните пет дена, просечниот број на новозаразени во земјата е 224 на ден, што е помалку од претходните пет дена, иако се тестирани повеќе луѓе. Чешка има регистрирано 5.335 случаи на зараза со коронавирусот и 104 смртни случаи.

Намалувањето на стапката на новозаразени отвора простор за примена на севернокорејскиот систем за следење на контакти, каде воените тимови за тестирање и телефонски центри користат мобилни телефони и банкарски платежни картички за да ги следат лицата кои биле во контакт со заразени и да ги сместат во карантин.

Роман Примула, главен епидемиолог во чешкиот кризен штаб, изјави дека податоците покажуваат дека епидемијата во земјата е под контрола и дека растот на новозаразени е помал од очекуваниот, и оти мерките кои се воведени за целото население ќе бидат полека заменети со мерки насочени кон лица изложени на ризик.

Новата стратегија постепено би требало да почне да се воведува од следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот