
Чешка пејачка намерно се зарази со коронавирус и почина
Чешката пејачка Хана Хорка, противник на вакцинацијата против коронавирус, почина на 57-годишна возраст откако намерно се зарази со вирусот за да добие ковид-потврда, соопшти нејзиното семејство.
Препорачано
Нејзиниот син Јан Рек изјави за јавното радио iRozhlas.cz дека неговата мајка одбила да се вакцинира и намерно се изложила на вирусот со кој тој и неговиот татко, двајцата вакцинирани, се заразиле пред Божиќ.
– Таа одлучи дека ќе живее нормално со нас и повеќе би сакала да го добие вирусот отколку да се вакцинира, рече Рек.
Два дена пред смртта, пејачката на чешката фолк група Асонанс на социјалните мрежи напиша: „Преживеав. Беше живописно. Сега ќе има концерти, театри, сауни, патувања до морето”.
Во Чешка, за присуство на социјални настани е потребен доказ за вакцинација или доказ за неодамна прележан ковид-19.
Нејзиниот син ги обвини локалните антиваксери за смртта на неговата мајка и рече дека „ја имаат нејзината крв на своите раце“.
– Точно знам кој го оформил нејзиното мислење. Тажен сум што повеќе им веруваше на непознати луѓе отколку на семејството и на нејзините тези за стекнување природен имунитет преку изложеност на болеста, рече Јан Рек.
Во земјата во ек е нов бран на пандемијата, при што вчера беа евидентирани околу 20 000 новозаразени со коронавирусот.
Извор: МИА
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
21мин
-
28мин
-
37мин
-
44мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5