Чекор по чекор: Кафулињата и рестораните во Британија нема да се отворат пред 4. јули

Угостителски објекти. / Фото: EPA-EFE/MARTA PEREZ

Коронавирусот е под контрола, но мора да се почитуваат мерките за физичка дистанца.

Британскиот премиер Борис Џонсон рече денеска дека владата сака што е можно побрзо да го покрене угостителскиот бизнис, блокиран поради коронавирусот, но тоа нема да се случи пред планираниот датум 4. јули.

„Се држиме до нашиот план“, рече Џонсон во парламентот.

Додаде дека препораките за угостителите се подготвени, но постојат се уште ризици и тие не сакаат да видат „неконтролирана“ маса која би можела да ја прошири заразата.

Џонсон рече дека коронавирусот во Велика Британија е под контрола, и иако опаѓа бројот на нови случаи, луѓето треба да се придржуваат кон препораките за дистанца од 2 метри.

Во Британија се заразени 290.581 лица. Починаа речиси 41.0000, најмногу после САД, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот