Чави не е подготвен за враќање: Барселона треба да го ангажира Лев

epa08824032 Germany's head coach, Joachim Low, leads a training session of the team in La Cartuja stadium, in Seville, southern Spain, 16 November 2020. Germany will face Spain in an UEFA Nations League group D stage match on 17 November. EPA-EFE/Julio Munoz

Иако Чави Ернандез, долго време беше еден од кандидатите за клупата на Барселона, но легендадрниот капитен на каталонскиот тим смета дека најдобро решение за клупата е Јоаким Лев.
Барселона игра фантастично под палката на Ронал Куман и се врати во трката за шампионската титула во Ла Лига, се погласно се зборува за неговиот наследник.
Засега Куман ја има поддршката од новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, но тоа може да се смени доколку екипата не успее да ја освои шампионската титула и загуби во финалето на кралскиот Куп.
Новите шпекулации дека Куман не е толку сигурен за следната сезона се појавија неодамна, поточно кога Јоаким Лев и официјално објави дека по Европското првенство си заминува од селекторската позиција во германската репрезентација.
Чави смета дека токму Лев е идеално решение за Барселона и новата управа не треба да се двоуми и веднаш треба да го ангажира.
– Лев е „луксузен“ тренер. Тој сака напаѓачки фудбал, а воедно е и светски шампион. Лев и помогна на Германија да развие поинакво сфаќање на фудбалот, што ме потсетува на тоа што се случи со Шпанија и Барселона. Токму Барселона треба да го донесе поради неговиот карактер и начинот на кој го сфаќа фудбалот – изјави Чави за „Зидочје Цајтунг“.

Лев има договор со Германската фудбалска федерација до СП 2022 година во Катар, но тој одлучи по ЕП ова лето да си замине од селекторската функција. Тој неодамна призна дека почна да го изучува шпанскиот јазик со што се зголемија шпекулациите дека ќе седне на клупата на двата големи гиганти, Реал Мадрид или Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот