Центарот на Скопје утре ќе биде затворен, доаѓа Еди Рама

Полицијата соопшти дека утре ќе бидат затворени улици во центарот на Скопје, поради посетата на албанскиот премиер Еди Рама.

„СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје поради делегацијата од Република Албанија, која ќе пристигне во земјава за одржување заедничка меѓувладина седница“, се вели во полициското соопштение.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот