Центар ќе се разубавува со нови садници

Фото: Општина Центар

Во рамките на есенските сезонски активности, во наредниот период со нови садници ќе се разубават неколку локации во општина Центар. Целта е со дополнување на зеленилото да се придонесе за почиста и поздрава животна средина.

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека ќе се заменуваат исушените дрвја и зеленило на скверовите Јадран и Буњаковец. Покрај тоа, ќе се обноват и жардиниерите на улицата Радњанска, односно Боемска 2, а ново зеленило ќе се постави и на улиците Партизанска, Орце Николов, Владимир Полежиновски, Народен фронт и Киро Крстевски Платник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот