Цените на сезонското овошје и зеленчук во Хрватска се уште се „безобразни”

Цените на сезонското овошје и зеленчук во јули благо паднаа во однос на јуни, но ако се прашуваат потрошувачите, цените се се уште „безобразни“ во најмала рака, особено во крајбрежните области, пишува Вечерњи лист, пренесува Хина. Неделниот мониторинг на цените на Пазарниот информативен центар на Министерството за земјоделство (ТИСУП) во 11 градови покажува дека килограм праски или кајсии на пазарите во Загреб чини најмногу 4 евра, а во Ровињ 8.

Килограм лубеница во Загреб чини околу 1,50 евра, додека во Ровињ цената од ланскиот просек скокна на 2 евра. Во моментов најевтините лубеници, ако се погледнат пазарите, жителите на Осијек ги јадат за помалку од едно евро за килограм, додека во продавниците цената на продажба е пониска од 60 центи за килограм. Краставиците во Загреб чинат во просек 2,50 евра, што е зголемување за повеќе од 100 отсто во односн на лани, а најевтини се во Сисак каде моментално чинат 1 евро. Доматите во Загреб чинат просечно 2,50 евра, а во Ровињ дури 3 евра.

Бананите од Еквадор поскапеа за 13,54 отсто, праските на пазарите на големо поскапеа дури 54,46 отсто од лани во јуни, салатите за 36,36 отсто, а новите компири за 38,27 отсто. Во малопродажбата на пазарите, праските поскапеа за 50 отсто, краставиците за 39,18 отсто, а новите компири за 38,52 отсто, додека поскапувањата во продавниците, освен кај компирот, се движат нешто побавно, од 8,52 на 22,05 отсто, пишува Вечерњи лист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот