Цени на горивата во регионот – литар дизел во Србија чини 20 денари повеќе отколку кај нас

Високите цени на горивата во Србија ќе продолжат и во следниот период, пишува белградска „Политика“ во анализа на трошоците за нафтени деривати во секоја земја.

Малопродажната цена на Еуродизелот во Србија во моментов изнесува 195 динари (102 денари). Еуропремиум БМБ 95 се продава за 164 динари (86 денари) за литар. Инаку, српската влада ја продолжи важноста на уредбата за нафтени деривати и гас со која се ограничува цената на горивото на пумпите, а како што стојат работите, таа ќе важи до крајот на јануари.

Споредбениот преглед на цените на горивата на Здружението на нафтени компании на Србија покажува дека бензинот е поскап во Грција, Унгарија, Албанија и Црна Гора, додека најевтин е во Словенија, каде што чини 1.273 евра или 149,5 динари. што е за 14,5 динари поевтино од домашните пумпи. Кога станува збор за евродизелот, тој поскапо отколку во Србија се продава во Унгарија, Грција и Албанија, додека најевтин е во Северна Македонија каде чини 1.305 евра или 153,3 динари или околу 42 динари поевтино од Србија.

Цената на ТНГ автоплинот во Србија е околу 102,9 динари (54 денари). Во Унгарија е поскап одошто во Србија, а плинот е најевтин во Бугарија, каде литар чини чини 0,583 евроценти или околу 66,7 динари (35 денари).

Инаку, цената на барел сурова нафта на светските берзи деновиве повторно расте. Иако во текот на декември падна под 75 долари, во последните денови повторно скока и просекот е околу 84 долари, колку што беше во јануари минатата година. Италија е земјата во еврозоната каде горивото во моментов е најскапо, и каде што најмногу чини производството на бензин и дизел, покажува истражувањето на Европската комисија кое се објавува секој четврток.

Во БиХ, последните податоци покажуваат дека лани дизелот поскапел за 24 отсто, а бензините за 11 отсто. Цените на нафтените деривати на територијата на Федерацијата БиХ значително пораснале во последната година, па на почетокот на 2023 г., цената на бензините е повисока за 11,44 отсто во однос на почетокот на 2022 година, додека во истиот период цената на дизелот скокна за 24,35 отсто, пренесува порталот Енергетика.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот