Цената на нафтата продолжува да расте, САД купуваат резерви

Денес цените на нафтата на светскиот пазар повторно пораснаа поради постојаната загриженост дека мое да се случи недоволното снабдување пред одлуката на Европската унија дали да ја забрани руската нафта до крајот на годината, како и поради неподготвеноста на производителите на ОПЕК да додадат резерви на пазарот, објави агенцијата Анадолија (AA).

Меѓународната референтна цена на нафтата од типот брент изнесуваше 112,13 долари за барел откако цената се зголеми за 1,10 отсто по затворањето на претходната сесија, кога цената беше 110,90 долари за барел, пренесува Bankar.me.

Американскиот репер West Texas Intermediate (WTI) се тргуваше за 109,45 долари за барел, откако порасна за 1,09 отсто, откако во претходната сесија достигна 108,26 долари за барел.

-Европската комисија предложи „целосна забрана за увоз на руска нафта испорачана преку море и нафтоводи, сурова и рафинирана“, изјави во средата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Ако се усвои овој предлог, забраната за сурова нафта ќе стапи во сила шест месеци подоцна, а забраната за рафинирани нафтени деривати до крајот на годината.

Во меѓувреме, и покрај постојаните повици за зголемување на производството, најголемите светски производители на нафта во групата ОПЕК во четвртокот се согласија да се придржуваат до сегашниот план за зголемување на производството за 432.000 барели дневно до јуни.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден планира да купи 60 милиони барели сурова нафта во третиот квартал за прв пат во 20 години за да ги надополни стратешките резерви, откако претходно одобри рекордно ослободување нафта од резервите за шест месеци, пишува Си-Ен-Ен.

Телевизијата јавува, повикувајќи се на доверлив извор од Министерството за енергетика, дека подоцна ќе биде објавен „долгорочниот план за набавка“ на нафта за националните резерви.

Испораката на првите 60 милиони барели, според Си-Ен-Ен, би се плаќала со приходите од продажбата на нафта од резервите за итни случаи.

Планот предвидува процесот на надополнување на стратешките нафтени резерви на САД да трае со години.

Швајцарскиот аналитичар на пазарот на стоки UBS, Џовани Стауноволо, изјави за Блумберг дека цената на нафтата на пазарот сега ќе се одредува врз основа на количините што САД планираат да ги купат, со оглед на влошената ситуација со понудата и недостатокот на капацитет за складирање.

На 31 март, претседателот Бајден одобри ослободување на 1,0 милиони барели нафта дневно од стратешките резерви на земјата за шест месеци, во обид да ги намали високите цени на „црното злато“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот