Цела недела ќе се чистат депониите во Аеродром, Општината апелира за поголема еколошка свест

Фото: Општина Аеродром

На територија на Општина Аеродром од денеска започна големата акција за расчистување, во рамките на која, според најавите од оваа скопска општина, ќе се чистат помалите депонии во сите нејзини делови.

– Заедно со службите на ЈП „Комунална хигиена“, утрово ја стартувавме големата акција за чистење на деловите од Општина Аеродром на кои во изминатиот период забележавме поголема концентрација на отпад. Акцијата стартуваше утрово од Долно Лисиче, Горно Лисиче, Населба Лисиче, Ново Лисиче и Реонски центар, а ќе трае во текот на целата недела и ќе ги опфати сите делови на општината. Предвидено е да се чистат сите помали депонии што се создаваат во и околу контејнерите, а претставуваат грда слика за општината – објаснуваат од Општина Аеродром.

Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните, својот кабаст, крупен и друг вид отпад да го оставаат на точно определени локации и притоа да се избегнува фрлање отпад на тревниците и на други јавни површини кои се за други намени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот