Огласите полни со повици за работа во Германија, но и таму невработеноста расте

Многу наши сограѓани веќе заминаа да работат во Германија, а на социјалните мрежи не престануваат да се објавуваат различни огласи за вработување во најмоќната европска економија, но за најмногу од нив се бара европски пасош. Така, на пример, еден од „најсвежите огласи“ со ЕУ пасош е работење во она што ние го нарекуваме „брза пошта“. …

Огласите полни со повици за работа во Германија, но и таму невработеноста расте Read More »

Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито

На денешен ден пред 44 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 …

Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито Read More »

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а во Собранието на Северна Македонија ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката. …

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев Read More »

Денеска се празнува Велика Сабота

Во светата и Велика Сабота го празнува боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот Исуса Христа, преку Кого нашиот род беше призван и пријде во вечен живот. Сите дни ги надминува Светата Четириесетница, од целата света Четириесетница, најголема е Страстната и Велика седмица, а од Страстната седмица најголема е Великата и …

Денеска се празнува Велика Сабота Read More »

Ковачевски: Поединци во ДУИ зедоа преголема слобода во однесувањето

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва изјави дека прелиминарната анализа направена од изборниот штаб на партијата покажала дека незадоволството кај граѓаните што се рефлектираше врз изборниот резултат од првиот круг од претседателските избори се должи на одредени кадровски решенија, однесување на дел од коалиционите партнери во Владата пред се на одредени функционери на ДУИ, инфлацијата …

Ковачевски: Поединци во ДУИ зедоа преголема слобода во однесувањето Read More »

Во Скопје денеска посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот …

Во Скопје денеска посебен сообраќаен режим Read More »

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ …

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје Read More »

Работно време на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за Велигденските празници

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Утре, во недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ЈП ПОЦ појаснуваат дека согласно програмата за неработни денови за 2024 година на Министерството за …

Работно време на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за Велигденските празници Read More »

ФОТО: Пуштена во функција фонтаната „Воин на коњ“

Минатата недела се тргна искинатата церада од фонтаната „Воин на коњ“, а денеска конечно беше пуштена во функција. Минатата година фонтаната накратко беше пуштена во мај, а потоа повторно исклучена. Без вода го дочека и летото, кога од јавното претпријатие информираа дека е исклучена за да се исчисти од нечистотијата предизвикана од обилните дождови.

За велигденските празници ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред

За време на велигденските празници, односно од утре петок – 3 мај до понеделник 6 мај јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Како што информираат од ЈСП Скопје исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред. …

За велигденските празници ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред Read More »

Џулијан Асанж прогласен за почесен член на Здружението на новинари на Република Српска

Здружението на новинари на Република Српска, по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите, денеска го прогласи Џулијан Асанж за почесен член на тоа здружение. Во соопштението на УНРС се наведува дека не е неопходно да се објаснува овој потег, особено не на оние кои се занимаваат со прашањето за слободата на говорот и мислата, …

Џулијан Асанж прогласен за почесен член на Здружението на новинари на Република Српска Read More »

На Петковиќ му е забранет влезот во Косово за Велигден

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово потврди дека на шефот на Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, Петар Петковиќ му e одбиено барањето да го посети Косово по повод православниот Велигден. Косовското МНР во изјава за Радио Слободна Европа не ги наведува причините за одбивањето на барањето, но ја потврди денешната информација …

На Петковиќ му е забранет влезот во Косово за Велигден Read More »

Драма кај Тузла: Рудар во Мрамор бил затрупан од земја, спасувачите се обидуваат да го извлечат

Во рудникот за лигнит Мрамор кај Тузла утрово дошло до свлечиште кое затрупало рудар, а како што потврдуваат за „Кликс.ба“, спасувачките екипи се на терен и се обидуваат да го извлечат. Според информациите на порталот, несреќата се случила утринава во јама при ископ, кога земјата се урнала. „Несреќата се случи утринава, а земјата го затрупа …

Драма кај Тузла: Рудар во Мрамор бил затрупан од земја, спасувачите се обидуваат да го извлечат Read More »

Жена од Србија чува кокошки кои несат сини јајца, едно чини и до 50 евра

Весна Козак од Падина одгледува околу 40 кокошки. На тоа решила за здраво да го прехрани семејството, а продажбата и носи дополнителен приход. Најбарани се сините јајца кои се многукратно поскапи од обичните. Почнала да одгледува кокошки пред 3 години.Купила неколку видови. Некои од нив се украсни, како холандската бела, брама, има италијанска, сомборска капорка …

Жена од Србија чува кокошки кои несат сини јајца, едно чини и до 50 евра Read More »

Реакции во Косово по падот од 19 места на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“

Во Индексот за слободата на медиумите во светот во 2024 година, објавен од организацијата „Репортери без граници“ по повод Свестскиот ден на слободата на медиумите, Косово се рангира на 75-то место, што е за 19 места полошо од 2023 година, кога беше рангирано на 56-то место, јави дописникот на МИА од Приштина. Во бројните реакции …

Реакции во Косово по падот од 19 места на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“ Read More »

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти. Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа. Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени …

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија Read More »

Хамас: Наша делегација заминува во Каиро за да разговара за примирје во Газа

Делегација на исламската милитантна група Хамас денеска ќе замине за Каиро за да ги продолжи разговорите за можен договор за прекин на борбите во Газа, соопшти групата доцна синоќа, пренесе ДПА. „Додека го нагласуваме позитивниот дух со кој раководството на движењето одговори кога го проучуваше предлогот за прекин на огнот што го доби неодамна, одиме …

Хамас: Наша делегација заминува во Каиро за да разговара за примирје во Газа Read More »

Русија: Украина го нападна Крим со американски ракети

Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири ракети со долг дострел ATACMS испратени во Украина од САД и лансирани од Киев врз полуостровот Крим, соопшти утрово руското Министерство за одбрана. Сè уште не се познати обемот и влијанието на нападот на Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година. Киев сè уште јавно не …

Русија: Украина го нападна Крим со американски ракети Read More »

Намален бројот на нови работни места во САД

Растот на вработувањето во САД во април се намалил повеќе од очекувањата а намален е и прирастот на платата на годишно ниво. Невработеноста останала речиси на исто ниво како и во март. Аналитичарите сметаат дека иако пазарот на трудот останува под притисок, рано е да се очекува Федералните резерви (Фед, американската централна банка) да започнат …

Намален бројот на нови работни места во САД Read More »

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно партнерство“

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој престојува во Киев, почна преговори со украинските власти за „стогодишно партнерство“ меѓу земјите, соопшти британската амбасада во Украина. „Британскиот министер за надворешни работи ги почна преговорите со Украина за Стогодишно партнерство – сосема нов договор што ќе изгради силни врски меѓу нашите две земји низ целиот опсег …

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно партнерство“ Read More »

Поради трговскиот бојкот на Турција, Израел поднесе жалба до ОЕЦД

Израелската влада поднесе жалба против Турција до Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) откако Анкара привремено ја прекина трговијата со Израел поради војната во Газа. Израелскиот министер за економија Нир Баркат во објава на Х го нарече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган „антисемитски диктатор“ кој го прекршува меѓународното поморско право и ги нарушува глобалните …

Поради трговскиот бојкот на Турција, Израел поднесе жалба до ОЕЦД Read More »

Светските цени на храната растат втор месец по ред

Светските цени на храната пораснаа втор месец по ред во април, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Во април е забележан благ месечен пораст на цените на месото, растителните масла и житариците, што повеќе од го компензира падот на цените на млечните производи и шеќерот. Светскиот индекс на цените на …

Светските цени на храната растат втор месец по ред Read More »

Стопанска комора: Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење

Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија соопштуваат дека се изненадени што Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии донела избрзана, непазарна и еднострана одлука без да ги земе во предвид аргументите на сите засегнати страни во осигурителната индустрија. Од …

Стопанска комора: Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење Read More »

„Лада“ руши рекорди во продажба

Продажбата на автомобили „Лада“ во Русија во април пораснала за речиси 65 отсто во однос на претходната година и достигнала 45.600 модели, со што го урна месечниот рекорд на марката во последните 12 години, се вели во соопштението на рускиот производител на автомобили „АвтоВАЗ“. За четири месеци од годинава „Лада“ продала 137.100 автомобили, што е …

„Лада“ руши рекорди во продажба Read More »

Епл забележа најголем пад во продажбата на Ајфон од пандемијата

Технолошкиот гигант Епл го забележа најголемиот пад во продажбата на Ајфон.  Продажбата во периодот од јануари до март опадна за 10 проценти во споредба со истиот период минатата година – нешто што не е видено откако моделот на Ајфон од 2020 година беше одложен поради затворање на фабриките поради пандемијата. Севкупно, Епл заработи 90,8 милијарди …

Епл забележа најголем пад во продажбата на Ајфон од пандемијата Read More »

Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“

Наградуваниот американски романсиер и сценарист Пол Остер почина од компликации предизвикани од ракот на белите дробови во својот дом во Бруклин во вторникот вечерта на 77-годишна возраст, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на пријателот и писател Џеки Лајден. Писателот роден во Њу Џерси е познат по низата признаени дела, од кои „Њујоршката трилогија“, „Левијатан“, „Сансет …

Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“ Read More »

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Министерството за култура распиша конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година. Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и …

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ Read More »

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“

На 27 април е третата и последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“. Во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ со почеток во 21 часот со концертен настап ќе се претстават „Macedonian Free Society“. Потребата за нов-креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачи израз, како соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја …

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ Read More »

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“ во пресрет на 27 април – роденденот на великанот на македонската драма. -Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат …

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“ Read More »

Премиера на „Мац, мац“ во Велешкиот театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“

Премиерата на претставата „Мац, мац“ која е работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ од Тенеси Вилијамс, а во режија и кореографија на Филип Петковски и ко-продукција на Пресврт, Театар „Ј.Х.К. Џинот“- Велес, како и германскиот Гете институт, ќе се случи на 26 април во Велешкиот театар. Целта на овој проект е да …

Премиера на „Мац, мац“ во Велешкиот театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ Read More »