ВИДЕО: Само воздишки на „Енфилд“, без голови на дербито Ливерпул – Манчестер јунајтед

Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер јунајтед ремизираа без голови на Енфилд (0:0), во големото дерби кое се одигра во рамките на 17 коло од Премиер лигата. Играчите на Јирген Клоп беа големи фаворити пред овој дуел, делумно поради многу подобрата форма, делумно поради фактот што Јунајтед беше десеткуван, но менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик тен …

ВИДЕО: Само воздишки на „Енфилд“, без голови на дербито Ливерпул – Манчестер јунајтед Read More »

ВИДЕО: Реал Мадрид убедливо ја совлада Гранада во „Ла Лига“, Браим Дијас двоен стрелец

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска ја победија Гранада со 4:0 во натпреварот од 36 коло во „Ла Лига“. Стрелци за „кралевите“ беа Фран Гарсија во 38. минута, Арда Ѓулер во втората минута од судиското надополнување и Браим Дијас во 49 и 59 минута. Реал Мадрид е прв на табелата со 90 бодови, од претходно веќе …

ВИДЕО: Реал Мадрид убедливо ја совлада Гранада во „Ла Лига“, Браим Дијас двоен стрелец Read More »

ВИДЕО: Прв гол на Давор Здравковски во шкотската Премиер лига

Фудбалерите на Мадервел сигурно го обезбедуваат опстанокот во шкотската Премиер лига, денеска тоа го докажаа со убедлив триумф на гостински терен против Рос Каунти од 5:1. Во „петардата“ придонесе и македонскиот фудбалер Давор Здравковски кој стрелаше во 90 минута за 4:1 по асистенцијата на Канаѓанецот Тео Бер. Тоа е прв погодок за нашиот интернационалец во …

ВИДЕО: Прв гол на Давор Здравковски во шкотската Премиер лига Read More »

ВИДЕО: Барнли на Чурлинов испадна од Премиер лигата, само чудо може да го спаси Лутон

После Шефилд јунајтед, и фудбалерите на Барнли се селат во Чемпионшип, откако денеска во 37 коло од Премиер лигата загубија на гости кај Тотенхем со 2:1. Барнли прв поведе во 25 минута со голот на Брун Ларсен, а домаќините направија пресврт преку Поро во 32 и ван де Вен во 82 минута од натпреварот. Инаку …

ВИДЕО: Барнли на Чурлинов испадна од Премиер лигата, само чудо може да го спаси Лутон Read More »

Бундес лига: Половина час за Елмас во ремито на Лајпциг против Вердер

Денеска во претпоследното 33 коло од најсилното германско фудбалско првенство екипите на Лајпциг и Вердер Бремен ремизираа 1:1. По првото полувреме водеа гостите по автоголот на Зајвалд во 36 минута на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг. Домаќините успеаја да го избегнат поразот во 61 минута со погодокот на Шешко по асистенцијата на Симакан. Македонскиот репрезентативец …

Бундес лига: Половина час за Елмас во ремито на Лајпциг против Вердер Read More »

ВИДЕО: Манчестер сити го урна Фулам во Лондон и сега „навива“ за градскиот ривал

Фудбалерите на Манчестер Сити направија уште еден важен чекор кон освојување, односно одбрана на шампионската титула. Бранителот на пехарот од минатата сезона беше подобар од Фулам на гости со 4:0 и сега на две кола пред крајот на сезоната во Премиер лигата има два бода повеќе од Арсенал на втората позиција. На натпреварот во Лондон …

ВИДЕО: Манчестер сити го урна Фулам во Лондон и сега „навива“ за градскиот ривал Read More »

МЗТ експресно во уште едно финале и во одбрана на шампионската титула

МЗТ Скопје Аеродром и по трет пат беше подобар противник од ТФТ Моцарт за сигурни 72:58 и конечни 3-0 во полуфиналната плеј-оф серија од Првата македонска кошаркарска лига. Бранителот на титулата во раната фаза дојдоа до двоцифрена позитива (26:16). Нешто подоцна позитивата играчите на тренерот Васко Атанасов и на „плус 11“ (30:19), но нивниот ривал …

МЗТ експресно во уште едно финале и во одбрана на шампионската титула Read More »

Димитријевиќ меѓу најефикасните во новиот меч за Уникс Казан во ВТБ лигата

Кошаркарите на Уникс Казан загубија во третиот натпревар од полуфиналето од ВТБ лигата и сега Локомотив Кубан води со 2:1 во серијата. Денеска играчите на Локомотив Кубан во Краснодар триумфираа со конечен резултат 89:81 (24:22, 20:25, 23:15, 22:21). Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ за Уникс Казан беше втор стрелец со 19 поени (осум асистенции) за 38:19 …

Димитријевиќ меѓу најефикасните во новиот меч за Уникс Казан во ВТБ лигата Read More »

ВИДЕО: Денвер нагетс убедливо ја совлада Минесота, Јокиќ покажа зошто е МВП

Кошаркарите на Денвер ја совладаа Минесота со 117:90 во третиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата. Серијата се игра во четири добиени мечеви. Само еднаш се случило Денвер да триумфира со повеќе од 27 коша разлика на гости во НБА плеј-офот, во 2009 година со 121:63 против Шарлот. Српскиот центар на Нагетси, …

ВИДЕО: Денвер нагетс убедливо ја совлада Минесота, Јокиќ покажа зошто е МВП Read More »

Феникс по катастрофалната плеј-оф серија го отпушти тренерот

Тимот на Феникс го отпуштил тренерот Френк Вогел пренесуваат американските медиуми. Вогел ја платил ццената за катастрофалната серија во плеј-офот каде што беа поразени со 4:0 од Минесота која сега има водство (2:0) и во серијата против Денвер. Сезоната на Феникс беше ветувачка, победија на 49 натпревари, но на крајот сето тоа падна во вода …

Феникс по катастрофалната плеј-оф серија го отпушти тренерот Read More »

ВИДЕО | На прес-конференцијата на Дончиќ се слушнаа секс звуци: Се надевам ова не е во живо

Лука Дончиќ одигра одличен натпревар во дресот на Далас и така му помогна својот тим да дојде до „брејк“ во вториот полуфинален меч против Оклахома за 1:1 во серијата. Но, внимание од оваа средба привлече и сцената која се случи на прес-конференцијата. Имено, додека Дончиќ одговораше на прашањата на новинарите од позадина се слушнаа звуци …

ВИДЕО | На прес-конференцијата на Дончиќ се слушнаа секс звуци: Се надевам ова не е во живо Read More »

Огромно засилување за ГРК Охрид, Живан Пешиќ е нов ракометар на „Гладијаторите“

Живан Пешиќ денеска официјално е промовиран како големо и искусно засилување за ракометниот клуб Охрид. Овој 30-годишен српски пивот доаѓа во Македонија по многу успешни сезони поминати во великаните Веспрем, Адемар Леон, Нексе, Цеље и Војводина. – Се чувствувам исклучително привилегиран поради повикот и можноста да учествувам во клупски проект како што е Охрид. Се …

Огромно засилување за ГРК Охрид, Живан Пешиќ е нов ракометар на „Гладијаторите“ Read More »

Ракометарите со порака пред реваншот против Фарски Острови: Битката се води до самиот крај, заедно сме посилни!

Ракометната репрезентација на Македонија в недела ја чека тешка задача во реваншот од баражот за пласман на Светското првенство наредната година. Во средата избраниците на Кире Лазаров беа поразени со високи седум разлика од Фарски Острови (34:27) во Торшван и во Скопје задачата воопшто нема да биде лесна. Фарски Острови се репрезентација во подем и …

Ракометарите со порака пред реваншот против Фарски Острови: Битката се води до самиот крај, заедно сме посилни! Read More »

Италија ја шокираше Црна Гора и е блиску до пласман на Светското првенство

На жрепката кога се дознаа бараж двојките за пласман на Светското ракометно првенство во 2025 година, се најавуваше дека репрезентацијата на Црна Гора ќе има лесна задача против Италија. Но, по првиот натпревар Италијанците во Конверсано направија големо изненадување и на домашен терен со 32:26 ги совладаа Црногорците, иако по првото полувреме имаа само минимална …

Италија ја шокираше Црна Гора и е блиску до пласман на Светското првенство Read More »

Селекторот на Фарските Острови ликува по победата над Македонија: Подобро не можеше да биде

Шансите на македонската ракомета репрезентација да се пласира на Светското првенство 2025 изгледаат далечни по убедливиот пораз на првиот меч во баражот за Мундијалот, со резултат 34-27 за островјаните кои играа дома. Фарчаните ликуваат по победата по која со едната нога се на Мундијалот и ако успеат да се пласираат, тоа ќе биде за нив …

Селекторот на Фарските Острови ликува по победата над Македонија: Подобро не можеше да биде Read More »

Лазаров по поразот од Фарски Острови: Нема да губиме надеж и ќе веруваме до крај

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација загуби убедливо со 34:27 од Фарски Острови во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во 2025 година. По завршувањето на мечот селекторот на нашите најдобри ракометари, Кирил Лазаров изјави дека нападот на противниците беше технички скоро перфектен, иако неговиот тим беше подготвен за нивниот систем за напаѓање: …

Лазаров по поразот од Фарски Острови: Нема да губиме надеж и ќе веруваме до крај Read More »

Македонската каратистка Михаела Мишовска го освои среброто на Европското првенство во Задар

На Европското првенство во Задар, Хрватска, македонската каратистка Михаела Мишовска се закити со сребро. Во категоријата до 50 килограми нашата натпреварувачка загуби со резултат 8:0 против Хрватката Ема Сгардели. Сгардели ја отвори финалната борба со брз поен, продолжи во ист ритам и стигна до водство, по што заврши и борбата. На патот до финалето Мишовска …

Македонската каратистка Михаела Мишовска го освои среброто на Европското првенство во Задар Read More »

Рафа Надал: Не знам дали ќе играм на „Ролан Гарос“

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по шокантната елиминација на Мастерсот во Рим откри дека е неизвесно дали ќе учествува на претстојниот „Ролан Гарос“. Надал во саботата доживеа тежок пораз во второто коло на турнирот во главниот град на Италија од Полјакот Хуберт Хуркач со 6:1, 6:3. „Бикот од Мајорка“ беше загрижен по ваквиот пораз во „вечниот …

Рафа Надал: Не знам дали ќе играм на „Ролан Гарос“ Read More »

Надал елиминиран во Рим, Шпанецот освои само четири гема против Хуркач

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е поразен денеска на мастерс турнирот во Рим, Италија. Во рамките од второто коло Надал загуби од полскиот тенисер Хуберт Хуркач со 2:0 во сетови. Рафа освои само четири гема, неговиот противник доминираше добивајќи ги двата сета со 6:1 и 6:3 за еден час и 33 минути игра. Хуркач направи по …

Надал елиминиран во Рим, Шпанецот освои само четири гема против Хуркач Read More »

ВИДЕО: По инцидентот со шишето, Ѓоковиќ на тренинг со кацига во Рим

Новак Ѓоковиќ во петокот по мечот со Корентан Муте беше удрен со шише во главата, а во саботата на тренинг се појави со кацига. По првото коло, во кое беше слободен, српскиот тенисер во второто го совлада Французинот на мастерсот во Рим, Италија. Тој триумф остана во втор план поради инцидентот што се случи по …

ВИДЕО: По инцидентот со шишето, Ѓоковиќ на тренинг со кацига во Рим Read More »

Македонската тенисерка Ѓорческа ќе настапи во квалификациите на „Ролан Гарос“

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја очекува нов настап на еден од четирите Грен глем турнири. Ѓорческа од 20 мај ќе биде дел од квалификациите на „Ролан Гарос“. За нејзе тоа ќе биде второ учество на Грен слем турнирот во Париз, прв пат настапи во 2017 година. Нашата тенисерка која се наоѓа во одлична форма …

Македонската тенисерка Ѓорческа ќе настапи во квалификациите на „Ролан Гарос“ Read More »