Виц на денот: Прв поглед
Блажо го прашува Трпе: – Трпе, дали веруваш во љубов на прв поглед? Трпе му одговара: – Па секако дека верувам, што мислиш ти, дека ќе ја оженев Трпана ако ја погледнев двапати!
Блажо го прашува Трпе: – Трпе, дали веруваш во љубов на прв поглед? Трпе му одговара: – Па секако дека верувам, што мислиш ти, дека ќе ја оженев Трпана ако ја погледнев двапати!
Пациент оди кај лекар: – Докторе толку многу кашлам, дури не можам ни да дишам како што треба… – Пушиш ли? – Да! – Епа откажи ги цигарите! Во истиот момент докторот пали цигара и почнува да пуши. – Ама докторе и вие пушите! – Пушам ама не одам да досадувам по лекари!
Маж и жена се расправаат во ресторан. Мажот удира на масата и прашува: – Кој е овде газда во куќата? Жената му удира шлаканица, а тој вели: – Па, само прашав.
Неколку клучни навики можат значително да влијаат на врската и односот со партнерот, а со текот на времето треба да се регулираат и да се намалат во најмала можна мера, пишува „Јортанго“. Упаѓање во збор Една студија истакнува дека ова е дури и еквивалентно на покажување моќ и всушност ја оштетува интимноста. Разговарајте за работи …
Четири мали навики кои можат да предизвикаат големи проблеми во бракот Read More »
Трпана задоволна му вели на Трпе: – Миличок, ти направив колач со малини, но немав малини, па ставив јаболка. Трпе ѝ возвраќа: – Нема проблем, јас ќе те носам на одмор во Шпанија – на Треска.
Адвокатка за разводи, која има профил на ТикТок во едно од своите видеа наведе пет професии кои жените треба да ги избегнуваат при изборот на сопруг. Иако јасно кажа дека тоа не е правен совет, адвокатката забележува дека пред неколку години видела статистички податоци за занимања и разводи и преку сопствените искуства во кариерата забележала …
Трпе му вика на Цветко: – Нема да поверуваш што ми се случи синоќа. Цветко зачуден: – Што? Трпе: – Соседот во 3 сабајле ми ѕвони на врата. Толку многу се исплашив што ми падна бормашината од раце.
Онлајн платформата за сексуално образование „Бедукејтед“ ги откри „седумте смртоносни сексуални грешки“ кои многу парови ги прават во кревет. Нивната листа се надоврзува на неодамнешното истражување на „Декодинг дисајр“ речиси 2.000 испитаници, според кое 60 отсто од мажите и жените се незадоволни од својот сексуален живот, пишува „Дејли стар“. Истражувањето укажа на голем број фактори …
Подводниот визуелен спектакл „Мрмејд опен“, односно Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај, Кина се одржа минатиот викенд и на него учествуваа речиси стотина спортисти од Кина, Јужна Кореја и Казахстан. Тие презентираа неверојатни нуркачки вештини во неколку програми, а нивниот настап беше оценет во неколку категории. Натпреварот кој се одржа во базен со 7.500 кубни …
ФОТО+ВИДЕО | Подводен визуелен спектакл: Одржан натпревар за сирени во Шангај Read More »
Трпана се нашла на суд поради кражба. Судијата ја прашува: – Што украдовте? – Конзерва со праски. – Колку праски имаше во конзервата? – Уф, па имаше шест праски. – Тогаш, шест дена во затвор! Од позадина дофрла Трпе: – Господине судија, Трпана украде и конзерва со грашок!