• Културен печат

Јубилејната прослава на „Танц фест Скопје“ ќе се одржи на сцената нa Македонскиот народен театар

Јубилејната претстава на „Танц фест Скопје“, кој годинава се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“, ќе се одржи на 30 април, во 20 часот, на сцената нa Македонскиот народен театар. На почетокот на вечерта ќе биде прочитана македонската порака по повод 29 април – Светскиот ден …

Јубилејната прослава на „Танц фест Скопје“ ќе се одржи на сцената нa Македонскиот народен театар Read More »

Претставата „Лавина“ премиерно ќе биде изведена во Турскиот театар во Скопје

Националната установа Турски театар ја најави премиерната изведба на претставата „Лавина“ од драмскиот автор Тунџер Џуџенолу во режија на Наташа Поплавска. Премиерата ќе биде изведена на 30 април, во 20 часот, на сцената на Театар Комедија. Преводот на текстот е на Џанан Али, сценографија и костимографија се според замисла на Наташа Поплавска, изборот на музиката …

Претставата „Лавина“ премиерно ќе биде изведена во Турскиот театар во Скопје Read More »

Целодневен џез-хепенинг ќе се одржи во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје

Во паркот „Ибни Пајко“ на 30 април, со почеток од 13 часот, ќе се одржи осмото издание на целодневниот џез-хепенинг „Today It’s All About Jazz, vol.8“, со кој македонските џез-музичари и нивните гости се приклучуваат кон глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот. Годинава на сцената ќе настапат Сашко Николовски Септет (МК), Фани Поса Квартет …

Целодневен џез-хепенинг ќе се одржи во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје Read More »

Сликарката Татјана Манева со изложба се претстави во македонскиот КИЦ во Тирана

Во Mакедонскиот културно-информативен центар во Тирана е отворена изложба на сликарката Тања Манева, насловена „Боите на душата“, каде се претставува со нејзините гостинки, Стела Рустемај од Тирана и Драгана Пајковиќ-Додиг од Белград. Како што информираат од КИЦ -Тирана, изложбата која беше отворена на 25 април во прекрасна атмосфера, тиранската љубопитна публика, дел од дипломатскиот свет …

Сликарката Татјана Манева со изложба се претстави во македонскиот КИЦ во Тирана Read More »

Кинотечниот „Златен објектив“ за 2024 година оди кај режисерот Столе Попов

Кинотеката го одбележува својот роденден на 29 април, односно датумот кога во „Службен весник“ е објавен Законот за формирање на Кинотеката во далечната 1974 година. Иако Кинотеката формално започнува да работи со полн капацитет и со полна организациска структура дури две години потоа, во 1976 година, кога ги добива своите први канцеларии и депо и …

Кинотечниот „Златен објектив“ за 2024 година оди кај режисерот Столе Попов Read More »

Светски ден на танцот – Нека продолжи танцот на животот давајќи им еднакви можности на сите да уживаат во него

Меѓународниот ден на танцот – 29 април, традиционално се одбележува со светска и македонска порака од познати изведувачи на балетската уметност. Авторка на македонската порака за 2024 година е прима балерината Александра Мијалковска (МОБ, Скопје), додека авторка на светската порака е аргентинската прима балерина Маријанела Њуноз (Кралски балет Буенос Аирес). Македонската порака за Светскиот ден …

Светски ден на танцот – Нека продолжи танцот на животот давајќи им еднакви можности на сите да уживаат во него Read More »

Наградата „Менада“ за придонес во развојот на балетската уметност постхумно му е доделена на Марин Црвенов

Балетскиот уметник и доајен на македонскиот балет Марин Црвенов е добитник на наградата „Менада“ за врвни достигнувања во танцовата уметност на јубилејното 20-то издание на интернационалниот фестивал „Танц фест Скопје 2024“, а наградата му се доделува постхумно. – Марин Црвенов (1945 – 2015) е еден од оние балетски уметници што оставија неизбришлив печат во развојот …

Наградата „Менада“ за придонес во развојот на балетската уметност постхумно му е доделена на Марин Црвенов Read More »

Разговор со Џими Роџерс за гитарското дуо „Роџерс и Харисон“: Искрено и автентично музичко патување

Гитарското дуо „Роџерс и Харисон“ ќе настапи на петтото издание на „Скопски градски фестивал“ на 7 мај во Филхармонија, а детали за концертот дознаваме од Џими Роџерс. Пејачот и текстописец Џими Роџерс е роден во Скопје (Македонија) на Денот на вљубените во 1962 година. Тој расте како млад талент за скијање во спортско семејство. Но, …

Разговор со Џими Роџерс за гитарското дуо „Роџерс и Харисон“: Искрено и автентично музичко патување Read More »

Петтиот „Скопски градски фестивал“ во организација на „Баги комуникации“ носи возбудлива музичка програма

Јубилејното петто издание на „Скопски градски фестивал“, со возбудлива и исклучително квалитетна програма во организација на „Баги комуникации“, ќе се одржи во три фестивалски вечери, на 7, 9 и 15 мај. Фестивалот ќе биде отворен на 7 мај во Камерната сала на Филхармонија со концерт на дуото „Роџерс и Харисон“, кое го сочинуваат двајца извонредни …

Петтиот „Скопски градски фестивал“ во организација на „Баги комуникации“ носи возбудлива музичка програма Read More »

„Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите со голем успех беше изведено со Софиската филхармонија

По балканската премиера на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите, што на сцената на македонските филхармоничари неодамна ја изведоа со Камерниот оркестар „Ајга“ и диригентката Ана Спасовска, исклучителното дело изнедрено од македонската традиционална музика низ перото на композиторот Панде Шахов, на 25 април ја продолжи својата благородна мисија на сцената на …

„Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите со голем успех беше изведено со Софиската филхармонија Read More »