Царовска: Постигнат е значаен напредок во унапредувањето на основното образование

Мила Царовска / Фото: Фејсбук, Мила Царовска

Постигнат е значаен напредок во сите области во кои е активен Проектот за унапредување на основното образование. Ова беше заклучено на денешниот редовен состанок на кој учествуваа министерката за образование и наука Мила Царовска, регионалниот директор на Светска Банка Масимилијано Паолучи, Бојана Нацева – тим лидер на проектот и други лица на Светска Банка вклучени во имплементацијата на Проектот.

Како што соопшти Министерството за образоавние и наука, претставниците од Светска банка истакнаа дека се посебно задоволни од процесот на дигитализација на материјалите за учење, но и динамиката со која се опремуваат 260 кабинети по природни со што се создаваат поквалитетни услови за настава. Потенцираа дека реализацијата е неопходно да продолжи во иста насока како и до сега.

На состанокот, како што се наведува, беше истакната важноста на напорите кои Министерството за образование и наука и Светска Банка како партнери ги вложуваат со цел да се подобрат условите за учење на учениците во основното образование, посебно во условите во кои се наоѓаме.

– Позитивно од сите присутни беа поздравени и заложбите и напорите на МОН за создавање безбедно опкружување за децата во услови на пандемија со што се овозможува настава со физичко присуство, нешто што е многу важно за континуитет на образовниот процес и обезбедување на квалитетно образование, се вели во соопштението.

Вкупната вредност на проектот изнесува 21,5 милиони евра и се реализира преку три основни компоненти кои се однесуваат на подобрување на учењето на ниво на училиште, реформи за национален прогрес во образованието и зајакнување на компетенциите на наставниците и директорите на училиштата. Проектот се имплементира преку единица за управување со проектот која функционира во МОН. Освен МОН, во проектот учествуваат и БРО, ДИЦ, Државен просветен инспекторат, општините и основните училишта.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот