Царовска: Нема значителен отпор кај наставниците за вакцинација

Македонија училиште ученици наставник професор
Настава во време на пандемија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Состојбата со ковид-19 во училиштата е апсолутно стабилна. Процентот на позитивни нови случаи на дневно ниво се движи помеѓу 0,01 и 0,03, а вкупниот број активни случаи е околу 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици кои следат настава со физичко присуство, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска, додавајќи дека поради стабилната ситуација останува првото сценарио – физичко присуство и дека состојбата постојано се следи.

Доколку Комисијата за заразни болести понатаму има различни информации и ако се случи нешто поинаку, рече таа, МОН е подготвено да реагира и да го промени сценариото односно моделот на настава. Дотогаш, нагласи Царовска, во најголем интерес на учениците е училиштата да бидат отворени.

Во однос на вакцинацијата, како и минатата недела министерката повтори дека околу 75 отсто наставници се вакцинирани, дека е тоа речиси двапати повеќе од националниот просек на вакцинирани, и посочи дека нема значителен отпор кај вработените во образованието кои, како и јавниот сектор, ќе бидат опфатени со мерката што ја предлага Комисијата за заразни болести за задолжителна вакцинација или еднаш неделно приложување негативен ПЦР-тест.

– Значителен отпор не се јавува. Секако дека над тој процент е и процентот на тие што прележале и сметам дека во момент кога ќе се носат одлуките, ќе има решение за секој еден што е во системот на образование, додаде Царовска во изјава за медиумите по промоцијата на проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат”.

Извор: МИА

Вакцинирани се вкупно 822 751 граѓани, а ревакцинирани 789 905

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот