Вакцинирани се вкупно 822 751 граѓани, а ревакцинирани 789 905

Вакцинација во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера се аплицирани вкупно 1 675 793 дози вакцини. Вакцинирани се вкупно 822 751 граѓани, ревакцинирани 789 905, а трета доза примиле 63 137 граѓани. Педесет и седум проценти од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

– Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58 проценти, а со две дози опфатени се 47 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, се наведува во соопштението од МЗ.

Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 5611 дози вакцини, од кои 2387 како прва доза, 1163 се ревакцинирани, а 2061 граѓани примиле трета доза вакцина.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот