Бујар Османи: ДУИ не ја поддржува Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за изгласување на Резолуција во Собранието која ќе ги штити националните интереси во спорот со Бугарија служи за политички поени, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи и додава дека ДУИ истата нема да ја поддржи.

– Демократската унија за интеграција ја гледа иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за Резолуција за Бугарија како обид да се добијат политички поени во пресрет на локалните избори, вели Османи во изјава за Алсат ТВ.

Министерот додава дека е несериозно државните интереси да се ставаат во функција на избори.

-Тоа им штети на интересите на државата и сите граѓани , рече меѓу другото Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот