Бугарските власти испитуваат лубеници им мирисале на ацетон!

Проблемот е што мирисот на ацетон е показател дека во овошјето се развиваат бактерии, кои до неговото презреење не претставувале сериозна закана

Бугарската агенција за безбедност на храна ги испитува информациите за лубеница која што мириса на ацетон и врши целосна проверка на целата пратка од ова овошје и тоа од трговецот кон дистрибутивниот центар.

-Во проверката утврдено е дека лубеницата е дел од контингентот внесен во ЕУ од трета држава, како што потврдил и увозникот. Целиот увезен контингент е повлечен од продажната мрежа до расчистување на случајот – стои во образложението. Како што објави БНТ, земени се мостри за лабораториска анализа и ќе бидат испитувани во акредитирана лабораторија за остатоци од пестициди, тешки метали во храната, а ќе се направат и микробиолошки испитувања.

Според извештајот на телевизијата, од почетокот на сезоната досега во Агенцијата за безбедност на храната нема други пријави.

Инаку, аромата и вкусот на бостанот и секој сличен производ – ананас, банани, праски и сл.) се должи на присуството на голем број естри во нив. Мала концентрација на такви супстанции создава многу овошна арома карактеристична за зрелите плодови. Ако концентрацијата на таквите супстанции надминува некои критични вредности, тогаш нивниот мирис станува сличен на „мирисот на ацетон“, велат експертите.

-Не треба да мислите дека ако лубеницата или дињата мирисаат на ацетон, дека тие и содржат ацетон. Присуството на таков мирис се должи на присуството во плодовите на етил ацетат и изоамил ацетат, кои имаат молекула, од која дел е слична на ацетон. Етил ацетат и изоамил ацетат се наоѓаат во високи концентрации во бостанот и другите овошја додека созреваат. Презрееноста доведува до автолиза на феталните ткива – процес на само-варење, поради забавување на метаболичките процеси со прекумерна зрелост. Резултатот од автолизата е ослободување на голема количина од истиот етил ацетат.

Сепак, оваа супстанца сама по себе не е опасна, бидејќи нејзината концентрација, дури и во плодовите на голема маса, е премногу мала за да претставува опасност за луѓето – покажуват светските истражувања.

Проблемот е што мирисот на ацетон е показател дека во овошјето се развиваат бактерии, кои до неговото презреење не претставувале сериозна закана. Имено, нивните отпадни производи, главно составени од мртви протеини и амини, се опасни за луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот