Бугарскиот главен обвинител побара целосна проверка на процесот на приватизација на земјата

ДАНС треба да утврди дали се собрани предвидените средства според приватизациските договори, камати, отштети и банкарски гаранции, во случај на нивно делумно или целосно неисполнување.

Главниот обвинител на Република Бугарија, Иван Гешев, побара од Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) да направи целосна проверка на процесот на приватизација и на контролата на овој процес од одговорните министерства, агенции и други државни органи, сооопшти Обвинителството.

Проверката треба да ги опфати сите договори за приватизација, како биле исплаќани, независно од видот на платежните средства, како и сите преземени активности за спроведување на постприватизацискиот надзор.

ДАНС треба да утврди дали се собрани предвидените средства според приватизациските договори, камати, отштети и банкарски  гаранции, во случај на нивно делумно или целосно неисполнување.

Во врска со ова треба да се утврди дали се извршени активностите за раскинување на приватизациските договори, во случај на нивно неисполнување.

Државната безбедност треба да утврди како била водена целата документација за актуелната постприватизациска контрола, дали биле извршени проверки за реализацијата на приватизациските договори и дали навремено била впишана таа информација во јавните регистри.

Во опфатот на проверката треба да се изврши и анализа на ревизорските извештаи на Државниот завод за ревизија и какви дејствија биле преземени за исполнувањето на дадените наоди и препораки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот