Бугарски полицајци примиле поткуп од двајца Албанци на бугарско – македонската граница, уапсени четворицата

Граничен премин -Деве Баир фото архива на Слободен печат

Окружното обвинителство – Ќустендил води предистражна постапка за поткуп и злоупотреба на службена должност со цел имотна корист. Околу 23,00 часот на 23 март годинава, при гранична контрола на граничниот премин Ѓуешево, државјаните на Албанија – А.Г. (на возраст од 60 години) и С.Л. (на возраст од 39 години) им дале поткуп од 150 евра на двајца службеници на Граничната полиција на Бугарија.

Поткупот го направил С.Л. за да можат двајцата да ја напуштат Бугарија кон Северна Македонија без да бидат казнети за преостојување во земјата.

Предложениот поткуп го прифатиле службените лица на одговорна функција – Г.В. (38 години) и И.С. (49 години). Заради имотна корист, двајцата ги прекршиле обврските околу наредбата и организацијата на граничните проверки на граничниот премин. Нивниот чин можеше да предизвика значителни штетни последици, изразени во оштетување на престижот на МВР, како и создавање недоверба во активностите на државниот орган, соопшти бугарското МВР.

Со указ на надлежен обвинител, четворицата се приведени како обвинети и одредена им е мерка притвор во траење до 72 часа. Во судот се чекаат предлози за добивање на мерки на претпазливост.

Работата на случајот продолжува со интензивна истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот