Бугарите избираат евтини хотели, странците плаќаат скапи

Софија, Бугарија/ Фото stoyanh / Alamy / Alamy / Profimedia

Во февруари 2023 година, во Бугартија работеле 2.072 објекти со повеќе од 10 легла – хотели, мотели, кампови, домови и други места за краткорочно сместување. Во однос на февруари 2022 година, вкупниот број на сместувачки места што функционираат во периодот е зголемен за 23,7 отсто, објави БГНЕС.

Вкупните ноќевања во февруари 2023 година се зголемени за над 50 отсто во споредба со истиот месец минатата година, при што најголем пораст на ноќевањата е забележан во имотите со 1 и 2 ѕвезди. Во февруари 2023 година, 77,1 отсто од вкупниот број на ноќевања на странци и 42,3 отсто на бугарски државјани се реализирани во хотели со 4 и 5 ѕвезди.

Бројот на ноќевањата во сместувачките капацитети во февруари 2023 година е зголемен во однос на истиот месец од 2022 година и достигна 470,2 илјади, при што е забележан пораст и кај странските и кај бугарските државјани.

Бугарските државјани кои ноќевале во сместувачките капацитети во февруари 2023 година биле 329,5 илјади и во просек поминале по 2,2 ноќевања. Странските државјани броеле 140,7 илјади и во просек поминале по 3,2 ноќевања, при што 76,0 отсто од нив престојувале во хотели со 4 и 5 ѕвезди.

Во февруари 2023 година, зафатеноста на креветите во сместувачките капацитети со 4 и 5 ѕвезди е највисока – скоро 50 отсто, објави БГНЕС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот