Бугарија се откажа од воведување на еврото од јануари догодина, ќе проба во 2025-тата

Бугарија се откажува од целниот датум за воведување на еврото во јануари 2024 година, бидејќи не исполнува некои критериуми, но ќе се стреми да се приклучи на заедничката валута на Европската унија до 2025 година или порано.

Ова денеска го изјави министерката за финансии Росица Велкова. Таа додаде дека земјава не ги исполнува критериумите поврзани со инфлацијата, ниту ги усвоила потребните законски измени.

Таа заклучи дека доколку Бугарија ги исполни критериумите, би можела да ја постигне својата цел за влез во еврозоната најрано кон средината на следната година.

Експерти и европски аналитичари беа согласни дека плановите на Бугарија да се приклучи кон користењето на заедничката европска валута наместо националниот лев пред 2027 се преамбициозни за една од најсиромашните членки на Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот