Бугарија: Објавени резултатите од 100 отсто преброени гласачки ливчиња
Централната изборна комисија на Бугарија ги објави резултатите од 100 отсто обработените гласачки ливчиња од парламентарните избори, што се одржаа во неделата.
Владејачката коалиција ГЕРБ-СДС предводена од премиерот на Бугарија Бојко Борисов доби 26,18% од гласовите, партијата на шоуменот и ТВ водител Слави Трифонов „Има таков народ” 17,66% од гласовите, јави дописникот на МИА од Софија.
Опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) на Корнелија Нинова доби 15,01%, Движењето за права и слободи 10,49%, „Демократска Бугарија – обединување” на поранешниот министер за правда Христов Иванов 9,45% и „Исправи се!Мафијата надвор!” на Маја Манолова трае 4,72%. За бугарската ВМРО гласаа 3,64%.