Бучковски: Се надевам дека Заев ќе извлече поука

Поранешниот премиер Владо Бучковски вели дека премиерот Зоран Заев станал жртва на местенка на руските пракери поради неговата отвореност во комуникацијата.

-Местенката кој му се случи на премиерот Заев се должи на неговата отвореност во комуникацијата и неговиот карактер, не се комуницираат секогаш преку премиерските кабинети. Некогаш добрите намери да се комуницира неофицијално може да бидат злоупотребени. Треба да се биде многу повнимателен, бидејќи отвореноста има цена. Со премиерите сме комуницирале директно но не сум влегол во ваква замка. Од ова е што му се случи  верувам дека Заев ќе извлече поука. Ова е опасно време, комуникацијата отиде многу напред – вели Бучковски за „Слободен печат“.

Тој додава дека тоа што разговорите снимени пред неколку месеци а некои и минатата година, а се објавуваат сега остава впечаток дека во нивното објавување има скриени намери, односно дека  се дел од специјалната војна која се води против нас од страна на Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот