Бруклин доби нова ѕвезда

Фантастичен настап на Кевин Дурент во редовите на Бруклин нетс/ фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Екипата на Бруклин триумфираше со минимални 107-109 на гостувањето во Портланд во најнеизвесниот од трите натпревари кои беа дел од синоќешната програма во НБА-лигата.

Неочекувано, херој на Бруклин беше јапонскиот центар Ватанабе, кој беше во главна улога во серијата од 14-0 во финишот од третата четвртина, со која гостите се вратија од „минус 11“. Јапонецот продолжи да доминира и во последниот период, погодувајќи неколку значајни шутеви за голема победа на својот тим.

Ватанабе го заврши натпреварот со 20 поени и седум скокови, најефикасен беше Дурант со 35 поени, но и серија грешки во самиот финиш што Портланд не знаеше да ги искористи.

Сакраменто го декласираше составот на Сан Антонио со 130-112, петти триумф во низа за „кралевите“. Фокс со 28 и Монк со 26 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека Васел со 29 ги предводеше стрелците кај Сан Антонио, за кого ова беше 10. пораз на вкупно 16. натпревар сезонава.

Екипата на ЛА Клиперс по голема борба славеше над Детроит со 96-91. Бојан Богдановиќ беше најефикасен на мечот со 26 поени, но тоа малку значеше кога неговиот тим го претрпе и 13. пораз во оваа катастрофална сезона за пистонси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот