Брок: Проширувањето на ЕУ не е одложено бидејќи е од заеднички интерес

Знаме на ЕУ / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Проширувањето на ЕУ не е одложено бидејќи е од заеднички интерес за сите страни. Земјите од Западен Балкан можат да добијат стабилност, економски и социјален напредок само како дел од ЕУ. Но, од друга страна ако ја погледнете историјата на нашиот континент, геополитичката ситуација исто така е од голем интерес на ЕУ да дојде до договор, за земја по земја да станат дел од ЕУ, изјави поранешниот европарламентарец Елмар Брок во интервју за ТВ Канал 5.

Тој оцени дека Северна Македонија направи голем исчекор со договорот со Грција и затоа, како што рече, се надева дека набрзо ќе започнат преговорите за членство. Но, додаде, гледаме во ЕУ и во земјите од Западен Балкан на друго ниво дека има се уште работи кои мора да се решат пред да дојде членството.

Според него, сите историски дебати мора да се надминат, а Северна Македонија и Бугарија мора да се обидат да најдат разбирање и некакво решение од заеднички интерес.

– Од двете страни мора да се најде разбирање. Никој не блокирал никого, но во исто време никој не смее да вели дека има луѓе со мојот идентитет во другата земја, двете, и С Македонија и Бугарија, го направија тоа во минатото, заклучи Брок.

Се надева дека Комисијата за историја која ја формираа двете држави ќе има позитивна и конструктивна улога и можеби, како што рече, од историска гледна точка ќе биде прифатена помош од други независни извори. Тој смета дека членството во ЕЕЗ не е алтернатива, но е чекор кон интеграција во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот