Бројот на загинати во несреќата на траектот во Бангладеш се искачи на 39

Запалениот траект во Бангладеш/ Фото EPA-EFE/STR

Бројот на загинати во пожарот на траектот во јужен Бангладеш се искачи на 39, а 70 лица се повредени, соопштија локалните власти.

Пожарот избувнал три часа по полноќ по локално време, во близина на градот Јалакати, на брод кој испловил од главниот град Дака и тргнал на југ кон градот Баргуна, оддалечен 250 километри, пишува Си-Ен-Ен.

Пожарникарот Фазул Хаке изјави дека акцијата за спасување продолжува и дека најверојатно бројот на жртви ќе биде поголем.

Причината за пожарот се уште не е позната.

Најмалку 37 загинати во пожар на траект во Бангладеш

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот