Бројот на ковид позитивни лица надмина 40 милиони: Моментно има 8,971 милиони активни случаи од кои 8,889 со лесни симптоми

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот надмина 40 милиони и поточно изнесува 40.014.845 милиони лица, покажуваат податоците на интернет страницата „Ворлдометар“.

Бројот на починати од почетокот на пандемијата е 1.115.308 милиони пациенти, а закрепнале речиси 30 милиони луѓе или 29.927.866 милиони лица.

Во моментот во светот има 8.971.671 активен случај од кои 8.899.700 имаат лесни симптоми, а состајбата на 71.971 е критична состојба.

Најголем број на пациенти сè уште има во САД – 8.343.140 милиони, во Индија – 7.494.551 милиони, во Бразил милиони 5.224.362 и во Русија – 1.399.334.

Од европските земји, најпогодена е Шпанија – 982.723, во Франција има 867.197 и во Велика Британија досега има 705.428 заразени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот