Британскиот премиер ќе издвои дополнителни 10 милијарди фунти за долгорочно финансирање на производството на оружје поради војната во Украина

Риши Сунак / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Британскиот премиер Риши Сунак најави дека ќе издвои дополнителни 10 милијарди фунти за долгорочно финансирање на производството на оружје и изјави дека поради војната во Украина „ќе ја стави британската одбранбена индустрија врз воена основа.

„Ќе ја ставиме британската одбранбена индустрија врз воена основа. Една од централните лекции од војната во Украина е дека ни требаат подлабоки резерви на муниција за да може индустријата побрзо да ги произведува“, рече Сунак на заедничката прес-конференција во Полска заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесува Ројтерс.

Тој претходно предупреди на зголемени безбедносни закани во светот и додаде дека Британија не ја преценува опасноста.

„Ние не сме на работ на војна, ниту ја посакуваме“, тврди Сунак.

Тој претходно денеска предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин „нема да застане на полската граница“ доколку Русија победи во војната.

Обединетото Кралство планира да го снабди Киев со витална опрема, вклучувајќи 400 возила, 1.600 оружје и четири милиони парчиња муниција, како и дополнителни 500 милиони фунти воено финансирање, со што вкупниот износ ќе достигне 3 милијарди фунти оваа финансиска година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот