Британски воен аналитичар: На Русите им снемува луѓе и опрема во Бахмут

Украински војници на пат кон Бахмут / Фото: EPA-EFE/STR

Воениот аналитичар Мајк Мартин, кој работи како виш соработник во студијата за војната на Кралскиот колеџ во Лондон, напиша на Твитер кои области на Украина ќе бидат клучни за следење во наредната недела. Тој очекува дека може да има некои интересни движења во источните градови Бахмут и Кремина.

Мартин тврди дека руските сили со месеци „се обидуваат да ги пробијат украинските линии“ во Бахмут, но постигнале „неверојатно бавен напредок со неверојатни загуби на животи“. Сепак, тој истакнува дека градот е сè уште важен за Русија бидејќи се вклопува во нивниот наратив за „ослободување“ на источниот регион Донбас.

„Ми се чини дека битката за Бахмут полека кулминира за Русија бидејќи им снемува и луѓе и опрема“ вели Мартин. „Можеби би можеле да донесат повеќе луѓе и опрема, но засега се чини дека е на чекање“, нагласува Мартин.

Во исто време, украинските сили се надеваат дека ќе ја вратат територијата околу Сватов и Кремина.

Мартин е убеден дека врз основа на потенцијални територијални освојувања околу Сватов и Кремина, Украинците би можеле да ја прекинат руската логистика во регионот на Донбас. Веќе има информации дека украинските војници можеби стигнале до предградието на Кремина, пишува Скај Њуз.

Мартин, исто така, се осврнува на понатамошни извештаи за Русите кои го ограбувале градот, што обично му претходи на руското повлекување. „Во текот на следната недела би ги следел Бахмут и Кремина. Особено Кремина“, вели воениот аналитичар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот