Британски студии: Заразените со Омикрон поретко хоспитализирани

омикрон
Бројот на заразени со омикрон ќе опадне/ Фото: ЕПА

Две студии во Велика Британијао покажуваат дека инфекциите со варијантата на коронавирусот Омикрон имаат помала веројатност да „испратат” лице во болница отколку со варијантата Делта.

Тие прелиминарни студии – едната во Шкотска, другата во Англија – беа поздравени од експерти, кои сепак предупредија дека поголемата зараза на тој сој на крајот може да доведе до потешки случаи. Анализата на лондонскиот Империјален колеџ покажа дека луѓето заразени со варијантата Омикрон имаат околу 20 отсто помали шанси да одат во болница од оние заразени со варијантата Делта. Оваа анализа ги вклучува сите случаи на ковид потврдени во Англија во првата половина на декември во кои може да се идентификува варијантата: 56.000 случаи на Омикрон и 269.000 случаи на Делта.

Посебна студија од Шкотска, спроведена од истражувачи од Универзитетот во Единбург и други експерти, заклучи дека ризикот од хоспитализација е за две третини помал кај Омикрон отколку во Делта. Но, студијата покажа дека скоро 24.000 случаи на Омикрон во Шкотска биле главно кај луѓе на возраст од 20 до 39 години. Младите луѓе се многу помалку склони да развијат тешки симптоми.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот