Британија го стега обрачот околу Москва: Ќерките на Путин на листата за санкции

Фото : Твитер Ќерките на Путин – Катарина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова

Велика Британија денеска воведе санкции за ќерките на рускиот претседател Владимир Путин, по одлуката на САД.

Ќерките на Путин, Катарина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова се додадени на британската листа на санкционирани, објави Би-Би-Си.

„Нашиот пакет санкции без преседан ја таргетира елитата и членовите на нивните семејства додека ја нарушува руската економија во размери какви што Русија не видела од падот на Советскиот Сојуз“, изјави шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас.

Британската влада воведе санкции и за ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров – Екатерина Сергевна Винокурова.

Според соопштението на Форин офисот, британската влада се обидува дополнително да влијае на раскошниот живот на најтесниот круг на Кремљ, со воведување забрана за патување и замрзнување на имотот на ќерките на Путин и Лавров.

ФОТО | Кои се децата на Владимир Путин и колку ги има?

САД ги санкционира ќерките на Путин и Лавров

Во јавноста испливаа досега невидени фотографии од ќерките на Путин (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот