ФОТО | Кои се децата на Владимир Путин и колку ги има?

Путин, деца, Фото: Профимедиа

Рускиот претседател Владимир Путин го држи јазикот за заби кога е приватниот живот во прашање. Тој многу пати изразил револт кој сите што посегнуваат по неговата приватност. Путин толку многу ги штити своите деца од јавноста, што таа не ни знае колку точно биолошки деца има таткото на нацијата.

Кои се децата на Владимир Путин?

Рускиот претседател има две ќерки од првиот брак со поранешната стјуардеса Људмила Шкребнев, со која беше во брак три децении. Во 2013 година тие се разделија. Најстарата ќерка на Путин, Марија е родена во Санкт Петербург, тогашен Ленинград, во 1985 година, а Катерина е родена една година подоцна во Источна Германија, каде што семејството се преселило поради работата на Путин во КГБ. Ќерките на Путин и Људмила имињата ги добиле по нивните баби.

Марија, Фото: Профимедиа

Семејството се преселило во Москва во 1996 година, а девојчињата веќе посетувале училишта на германски јазик. Откако Путин стана претседател, тие биле повлечени од училиште и образованието го продолжиле дома.

Познато е дека Марија студирала биологија и медицина, додека Катерина студирала азиски студии. И двете за време на факултетското образование користеле лажни имиња.

Марија денес има 36 години и живее во Москва со сопругот Данце Јорит Фасен, а наводно имаат и едно дете. Во 2017 година, Путин му откри на режисерот Оливер Стоун дека е дедо, додавајќи:

„За жал, ретко играм со моите внуци“.

катерина путин
Катерина. Фото: Принтскрин/Јутјуб

Тој ги спомна на телефонски разговор во 2017 година, но не кажа колку има или која од неговите ќерки ги има.

„Во однос на моите внуци, еден веќе е во градинка. Ве молиме разберете, не сакам тие да растат како некој вид кралски принцови. Сакам да растат како нормални луѓе“, рече тој.

Катерина наводно живее луксузен живот и ужива во своите привилегии. Нејзина пасија биле акробатските танци, а денес работи на Московскиот универзитет и води старт-ап вреден 1,7 милијарди долари, пишува „Business Insider“. Таа се омажила за рускиот милијардер Кирил Шамалов во 2013 година, но се развеле пет години подоцна. За време на разводот се пишуваше дека нивното богатство се проценува на две милијарди долари.

Катерина Путин Фото: Профимедиа

Во јавноста испливаа досега невидени фотографии од ќерките на Путин (ФОТО)

Дали постојат децата со гимнастичарката Алина?

Медиумите шпекулираа дека Путин има трета ќерка со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, но ниту нивната наводна врска, ниту постоењето на детето никогаш не беа официјално потврдени.

Извори за „Page Six“ велат дека имаат 7-годишни ќерки близначки, кои се родени во близина на Лугано, Швајцарија, во февруари 2015 година. Се верува дека тие имаат и два други сина.

„Алина има две млади момчиња и девојчиња близначки со Путин кои се родени во Швајцарија“, изјави изворот за „Page Six“ за наводните деца на Путин со Кабаева.

Фото: Instagram

ВИДEO | Бојкот на брендот: Збеснати богати Русинки сечат Шанел ташни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот