Британија е против одржувањето на финалето на ЛШ во Санкт Петербург, а на мета е и Абрамович

УЕФА посакува „Газпром арената“ да го организира финалето на ЛШ/Фото: EPA/Anatoly Maltsev

Европската куќа на фудбалот УЕФА се соочува со растечки притисок да го пресели финалето на Лигата на шампионите од Санкт Петербург на некое друго место. Причината за ваквиот притисок е политичко-воената криза помеѓу Русија и Украина.

Последна епизода е изјавата на министерката за надворешни работи на Велика Британија Лиз Трас за Скај спорт. На прашањето дали финалниот натпревар во ЛШ треба да се одржи во Санкт Петербург, Трас одговорила негативно.

– Не би требало да се одржи, јасно кажувам не би требало – изјавила министерката Трас.

Нaвестено е дека евентуално под санкции би можел да биде и рускиот сопственик на Челси, Роман Абрамович. УЕФА засега јасно не се откажува од одржувањето на финалето на „Газпром арената“ во Санкт Петербург. Финалниот меч е закажан за 28 мај.

– Што се однесува до финалето на ЛШ во Сант Петербург, УЕФА внимателно ја следи ситуацијата и ќе биде донесено одлука по потреба, ако е неопходно – испрати соопштение УЕФА.

Сепак, јасно е дека притисокот да се смени локацијата на финалето е се посилен. Британците имаат четири клуба се уште во трка за финалето, а тоа се Манчестер сити, Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Британските медиуми лансираа шпекулација дека финалето би можело да биде префрлено од рускиот град во Лондон, а би се играло на Вембли. Според англиските таблоиди организацијата на финалето би можело на градот домаќин да му донесе 60 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот