Британците почнуваат со ново големо истражување: Аспиринот на тест како можен лек против ковид-19

Фото: EPA/WOLFGANG KUMM
Аспиринот, кој има широка примена и се препорачува против тромбоза, ќе биде тестиран како можен лек против ковид-19 во едно од најголемите испитувања во Велика Британија. Најмалку 2.000 случајно избрани пациенти треба да примаат по 150 милиграми аспирин дневно со вообичаен режим.
Како што пренесуваат британските медиуми, постојат јасни причини во прилог на тезата дека аспиринот може да биде корисен, а покрај тоа и безбеден, евтин и широко достапен.
Податоците за закрепнувањето на овие пациенти ќе се споредат со податоците на најмалку 2.000 други пациенти кои ја примаат втората стандардна терапија за ковид-19.
Другите терапии што се тестираат вклучуваат антибиотик „азитромицин” и коктел со антитела на компанијата „Регенерон”, што се користи за лекување симптоми на ковид-19, како што прими американскиот претседател, Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот