Британците тврдат дека во последните 48 часа значително се зголемени борбите на фронтот во Украина

Поле со жито во Украина
Поле со жито во Украина / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Британското Министерство за одбрана извести за значително зголемување на борбите во голем број сектори на фронтот во Украина во последните 48 часа.

„Ова ги вклучува оние боишта кои беа релативно тивки неколку месеци“, се вели во секојдневното известување на Твитер за војната во Украина.

Во соопштението не се дадени дополнителни детали ниту се проценува дали борбите се поврзани со очекуваната украинска контраофанзива против руските сили кои окупираа големи делови од земјата.

Министерството, исто така, извести дека спорот меѓу руските платеници „Вагнер“ и руската војска достигнал „невидено ниво“.

„За прв пат, сопственикот на Вагнер, Евгениј Пригожин, тврдеше дека армијата намерно употребила смртоносна сила против единиците на Вагнер. По расправија, Вагнер, наводно, притворил командант на руската армиска бригада“, се вели во соопштението.

Локалните руски власти во руската област Белгород денеска соопштија дека е гранатиран округот Шебекино. Во пораките на социјалните мрежи, жителите беа предупредени да се засолнат во подруми.

Регионот Белгород, кој се граничи со Украина, неколку пати беше цел на напади во последните неколку недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот