Британците тврдат дека Русите имаат тешки загуби на тенкови

Фото: EPA-EFE/DAVE MUSTAINE

Министерството за одбрана на Велика Британија објави нов разузнавачки извештај за војната во Украина.

Во него тие наведуваат дека Русија во последните денови продолжила да им дава приоритет на обидите на нејзините сили да го опколат градот Авдивка во областа Доњецк.

„Меѓутоа, руските сили постигнаа само маргинален напредок по цена на загуби на тешки оклопни возила. Рускиот 10-ти тенковски полк веројатно изгуби голем дел од своите тенкови додека се обидуваше да ја опколи Авдивка од југ. Полкот е дел од Третиот армиски корпус, првото големо руско засилување на инвазијата во Украина“, наведуваат Британците.

„Бројни извештаи сугерираат дека Третиот армиски корпус бил особено погоден од проблеми со лошата дисциплина и нискиот морал. И покрај тоа што овој кор веројатно поминал одреден период на обука во Белорусија, формацијата сè уште покажува ограничена борбена ефикасност“, продолжуваат тие.

„Загубите на 10-от тенковски полк веројатно беа најмногу предизвикани од тактички неисправни фронтални напади слични на оние во другите неодамнешни неуспешни напади на руски оклопни возила, како што беше случајот околу градот Вуледар“, заклучуваат Британците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот