Брегалница се засили со напаѓач од Костарика и дефанзивец од Панама

Фото: ФК Брегалница

Де Јесус Бенегас од Костарика и Џамал Дикенс од Панама се новите имиња во таборот на Брегалница.

21-годишниот Дикенс е централен дефанзивец, кој може да игра и на левата дефанзивна позиција, а во Брегалница доаѓа од редовите на Футбол Консултанс Декампаредос од шампионатот на Костарика, истиот клуб од каде доаѓа и Костариканецот Фабрицио Ванегас кој исто така денеска потпиша договор со Брегалница.

24-годишниот Венегас ќе го засили офанзивниот среден ред и нападот на тимот и доаѓа од екипата на Футбол Консултанс Декампаредос од шампионатот на Костарика. Претходно во својата кариера има настапувано и за Санта Ана, исто така во костариканското првенство.

Штипскиот клуб претходно се засили гоманот Мартин Давков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот